На 18 декември 2017, со почеток од 10 во ЕУ Инфо Центарот во Скопје ќе се одржи конференцијата „Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“. На конференцијата ќе учествуваат претставници на Министерството за локална самоуправа, дипломатски претставништва во Скопје, членови на општински совети, експерти од областа на локалната самоуправа, граѓански организации и други чинители од локално значење.