На 3 мај 2018 година се одржа втората обука за претставниците од организациите наградени во регрантовата шема во проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.
Проектот предвидува ре-грантова шема за финансиска поддршка на мали проекти спроведени од граѓански организации. Со цел успешна и непречена имплементација на проектите кои беа селектирани, предвидени се 4 обуки за зајакнување на капацитетите на организациите кои ќе ги спроведуваат селектираните проекти.
Втората обука беше на темата „Напредно раководење со проектен циклус и ЕУ фондови“ и се одржа една недела по првата обука, која беше насловена „Комуникации и видливост“. Во текот на мај ќе се одржат уште две обуки за финансиско раководење и вмрежување.