На 18 мај 2018 година се одржа четвртата обука за претставниците од организациите наградени во регрантовата шема во проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.
Проектот предвидува ре-грантова шема за финансиска поддршка на мали проекти спроведени од граѓански организации. Со цел успешна и непречена имплементација на проектите кои беа селектирани, се спроведоа 4 обуки за зајакнување на капацитетите на организациите кои ќе ги спроведуваат селектираните проекти.
Четвртата, последна обука беше на темата „Вмрежување“. Претходно беа одржани обуки за „Напредно раководење со проектен циклус и ЕУ фондови“ и „Комуникации и видливост“ и „Финансиско раководење“.