Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Работилница спроведена од страна на „НОВУС“ како дел од регрантираните проекти

  • 3 korrik 2018
Работилница спроведена од страна на „НОВУС“ како дел од регрантираните проекти

На 26 јуни 2018 година беше одржана работилницата „Партиципативна демократија“ во Струмица од страна на Здружението на граѓани Центар за истражување и анализи „НОВУС“, една од грантираните организации во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.

Целта на оваа работилница беше да се зајакне капацитетот на граѓанските организации и на граѓаните за да станат посилни чинители во процесот на донесување на одлуки и решавање на проблемите на целните групи кои ги застапуваат на локално ниво, а со тоа да придонесат во подобрувањето на локалната демократија. На работилницата беа присутни околу петнаесет претставници од граѓанскиот сектор, локална самоуправа, младински активисти и граѓани.

За време на работилницата учесниците беа детално запознаени со процесите за учество во носењето на одлуки на локално ниво и партиципативноста во креирањето на политики како и со начините на делување: референдум, граѓанска иницијатива, собир на граѓани.

Работилницата беше од интерактивен карактер и беа донесени дополнителни заклучоци и беа споделени добри практики за граѓанско учество. Учесниците се согласија дека потребно е поактивно следење на локалните политики и партиципативно да се учествува во донесувањето одлуки на локално ниво со цел да имаме поуспешна демократија засновена на партиципативно учество.

Работилницата беше спроведена од страна на „НОВУС“ како дел од проектот „Партнерството мотор на демократијата“, поддржан во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ споревдеуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија и финансиски поддржан од Европската Унија.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix