На 10 мај 2018 година се одржа третата обука за претставниците од организациите наградени во регрантовата шема во проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.
Проектот предвидува ре-грантова шема за финансиска поддршка на мали проекти спроведени од граѓански организации. Со цел успешна и непречена имплементација на проектите кои беа селектирани, предвидени се 4 обуки за зајакнување на капацитетите на организациите кои ќе ги спроведуваат селектираните проекти.
Третата обука беше на темата „Финансиско раководење“. Претходно беа одржани уште две обуки за „Напредно раководење со проектен циклус и ЕУ фондови“ и „Комуникации и видливост“. Во текот на мај ќе се одржи уште една обука за вмрежување.