На 27 април 2018 се одржа првата обука за претставници од организациите наградени во регрантовата шема во проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.
Проектот предвидува ре-грантова шема за финансиска поддршка на мали проекти спроведени од граѓански организации. Со цел успешна и непречена имплементација на проектите кои беа селектирани, предвидени се 4 обуки за зајакнување на капацитетите на организациите кои ќе ги спроведуваат селектираните проекти.
Првата обука беше на темата „Комуникации и видливост“. Во текот на мај ќе се одржат уште три обуки за раководење со проектен циклус, финансиско раководење и вмрежување.