Во рамките на проектот „Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!“ каде носител е ЗГ Велес Бајкинг, на почетокот на јуни 30-на деца на возраст од 8-12 години имаа несекојдневно позитивно искуство – возеа велосипед надвор од урбаните средини. Целта на овој проект е преку игра на отворено и практикување на стари игри да се дефокусираат најмладите од современите технолошки уреди (телевизија,компјутери,мобилни и сл) кои се премногу присутни во нивниот живот, како и подигање на свеста и создавање на здрави навики и вредности кај децата и возрасните.