На 19.07.2018 и 20.07.2018 година се спроведоа две фокус групи во с.Бучин и с.Норово, дел од процесот Анализа на потребите на младите во општина Крушево во состав на проектот „Креирање на Локална Младинска стратегија во општина Крушево“ на Младинскиот совет во Прилеп.
На овие активности зедоа учество млади луѓе и жители на с.Бучин и с.Норово кои го споделија своето мислење и ставови во однос на потребите на младите во руралните средини.
Целта на проектот е да се придонесе кон подобрувањето на состојбата на младите во општина Крушево преку создавањето на Локална Младинска Стратегија во општина Крушево. Создавањето на младинска стратегија има цел да претставува патоказ за локалната самоуправа, за развојот на локалната заедница и подобрувањето на генералната состојба од призмата на младите и младинските прашања.