Локалната акциона група - Агро Лидер на 27 јули 2018 година, со почеток во 12:30 часот, ја организираше првата тркалезна маса во општина Крушево. Тркалезните маси се дел од активностите од проектот „Здружени за доброто на заедницата“.
Целта на оваа трклаезна маса е да се проследат сите начини и техники за вклучување на граѓанските организации и заинтересираните граѓани во локалните процеси, а исто така да се одреди влијанието кое понатаму може да го имаат претставниците на населението.
Средбата со претставници на граѓанскиот сектор и представник на населението во Крушево, ја постигна целта на тркалезната маса и ја започна листата со приоритети и начини за вклучување во локалните процеси преку вклучување во општинските комисии согласно релевантноста на комисијата.
Проектот „Здружени за доброто на заедницата“ е поддржан преку ре-грантовата шема во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансиран од Европската унија.