Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Интернет-страницата „Референдум“ пуштена во употреба

The website Referendum.mk is online

  • 20 korrik 2018
Интернет-страницата „Референдум“ пуштена во употреба

Интернет-страницата „Референдум“ беше пуштена во употреба. Таа беше направена во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво“.

„Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво“ претставува 12-месечен проект на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје кој ќе биде имплементиран во периодот од март 2018 –февруари 2019 година.

Проектот е насочен кон зголемување на свеста за можностите за непосредното учество на граѓаните во донесувањето на одлуките, преку нивно изјаснување на референдум. Интернет-страницата има цел да ја подобри информираноста на граѓаните и достапните информации за темата.

Овој проект е финансиран од Европска Унија и се имплементира во соработка со Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија – ЗФР и Европското движење во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, кој има за цел да го зајакне влијанието на организациите од граѓанското општество во јавните политики на локално ниво.

Референдум.мк

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix