На 6 и 7 ноември 2018 година во Големата сала на Совет на Град Скопје ќе се одржи меѓународната конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“ организирана од страна на Европското Движење на Република Македонија и Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.