На 15.11.2018 година во ООУ Даме Груев - Општина Градско како дел од проектот “Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!” беше спроведена активноста „Активности на стари, традиционални детски игри “.
Оваа активност има за цел да ги поттурне децата да се свртат кон своите родители и да се заинтересираат како тие, во нивното детство го поминувале своето време, кои игри ги играле и тие игри да ги пренесат во сегашноста. Станува збор за метод кој кај нас е познат како пренесување искуства, знаење од “колено на колено” односно од генерација на генерација.
Околу 30 деца од ова училиште ги презентирале игрите кои нивните родители ги играле некогаш, за нив нови, непознати и пред се забавни. Согласно предвидените активности се играа неколку игри и тоа: зуски ( џамлии), влечење јаже, Јанино-Јанино, к’цканка
Со ова во целост се реализираше идејата и концепцијата на овој проект, што всушност е анимирање на старите детски игри од детството на постарите генерации, воведување на нови иновациски игри и воедно оттргнување на децата од мобилните и компјутерите.
Проектните активности се спроведуваа заедно со партнерите на овој проект – Општина Велес, Општина Градско, ООУ „Даме Груев“ – Градско, ООУ „Васил Главинов“ – Велес и ООУ Кирил и Методиј – Велес, како и Вардарскиот плански регион.
Проектот „Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.