На 6 и 7 ноември 2018 година во Големата сала на Совет на Град Скопје се одржa меѓународната конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“ организирана од страна на Европското Движење на Република Македонија и Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.
Повеќе од 60 учесници имаа можност да проследат четири панел- дискусии каде што ги искажаа своите ставови и мислења, како и споделија позитивни примери и практики. Беа опфатени голем број на теми поврзани со отвореното владино партнерство, создавање на предуслови за ефикасна соработка помеѓу граѓанските здруженија и локалните власти, како и препознавање на европските вредности во локалните заедници.
Препознавајќи ја оваа меѓународна конференција како одлична можност за приближување на концептите за взаемна поддршка помеѓу властите и граѓанското општество, беа презентирани и две истражувања кои ги опфатија темите на соработка како и финансиската и нефинансиската поддршка на локалните власти кон организациите од граѓанското општество.
Конференцијата понуди размена на искуства на локалните чинители централната власт и граѓанските организации, како и преставници на меѓународни институции и академската средина од земјите членки на Централната европска инцијатива, како и од други држави.
Во рамките на оваа конфереција беше потпишан и меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и здружението Европско движење во Република Македонија, што претставува позитивна насока во подобрување на соработката помеѓу локалните власти и граѓанските здруженија во Македонија.
Оваа конференција е финансиски поддржана од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и програмата за медиуми 2015 и од Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ).