На ден 09.11.2018 година во ООУ “Васил Главинов” и ООУ “Кирил и Методиј” - Општина Велес беа спроведени две активности: „Активности за иновациски игри” и „Спортување на улица, на маало “како дел од проектот “Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!”
На двата настани беа поканети и учествуваа околу 30 деца од 5-то и 6-то одд, каде што имаа можност да запознаат нови, иновациски игри и да ги спроведат своите детски игри кои ги играат на улица во нивните училишта. Во улога на ментори при споведувањето на овие активности се јавија наставниците по физичко образование, Весна Николова и Наташа Коцева.
Во рамки на првата активност децата уживаа играјќи бадминтон и твистер, а втората активност беше наменета за игри кои децата ги играат на улица и своите маала – баскет, ластик и скокање јаже.
Преку успешноста при спроведувањето на овие активности јасно e дека и покрај актрактивноста на новите технолошки уреди и играчки и симпатиите којшто ги имаат децата кон истите, сепак голем број од децата ги познаваат овие игри и редовно уживаат и се забавуваат додека ги играат.
Проектните активности се спроведуваа заедно со партнерите на овој проект – Општина Велес, Општина Градско, ООУ „Даме Груев“ – Градско, ООУ „Васил Главинов“ – Велес и ООУ Кирил и Методиј – Велес, како и Вардарскиот плански регион.
Проектот „ Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.