На 10 јануари 2020 година во Велес се одржа последната средба на тимот на партнерите на проектот. На состанок се дискутираа резултатите и имплементацијата на активностите во изминатите 36 месеци. Проектните партнери ги споделија искуствата од реализацијата на тригодишниот проект и предизвиците со кои се соочија за време на неговата имплементација.