На 15 јануари 2020 година во Скопје се одржа средба на партнерите и грантистите во рамките проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.
Претставници од 12 партнер организации земаа учество на настанот со цел да ги претстават резултатите од нивните проекти, нивните позитивни искуства и предизвици како и да се направи заедничка евалуација на регрантовата шема и самиот проект.
Како резултат на позитивните искуства од спроведените активности и детектираните предизвици на локално ниво за време на состанокот се дискутираше можноста за создавање на мрежа за локална демократија.
Целта на формирање на мрежа за локална демократија е да се вклучат сите заинтересирани страни кои работат во делот на подобрување на граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално ниво и приближување на локалните самоуправи до граѓаните.
На средбата беше одлучено партнерите и грантистите на проектот да потпишат меморандум за формирање на мрежата за локална демократија по одржувањето на завршната конференција на проектот на 22 јануари во Скопје.