На 10 јануари 2020 година во Велес се одржа последната средба на тимот на партнерите на проектот. На состанок се дискутираа резултатите и имплементацијата на активностите во изминатите 36 месеци. Проектните партнери ги споделија искуствата од реализацијата на тригодишниот проект и предизвиците со кои се соочија за време на неговата имплементација.
Проектот вклучуваше голем број на активности и резултираше со успешни активности и конкретни производи кои во иднина ќе послужат како основа за понатамошна соработка и развој на други заеднички проекти за унапредување на локалната демократија во државата.
Сите заклучоци и резултатите од проектот ќе бидат презентирани на 22 јануари 2020 на завршната конференција во Скопје.