Локалната демократија: практика на развиеното општество
Завршната конференција „Локалната демократија – идеал или практика“ на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ се оддржа на 22 јануари 2020 година во Скопје.
Над 70 претставници од граѓанските организации и локалната самоуправа имаа можност да се запознаат со спроведените активности на проектот, како и нивните резултати и достигнувања.
Конференцијата беше отворена од страна на претседателот на АЛДА, Ориано Оточан и заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески. Г. Оточан го даде својот осврт на клучните прашања поврзани со локалната демократија, како и за добрите практики што АЛДА ги промовира преку своите проекти и активности, додека пак г. Павлевски ги истакна сите мерки преземени од владата во однос на подобрување на локалната демократија и децентрализацијата и се осврна на работата и улогата на регионалните совети што ги смета за многу добра платформа, додавајќи дека соработката помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа е многу значајна во овој дел.
Директорката на АЛДА Скопје, г-ѓа Ивана Петровска, ги поздрави присутните и накратко презентираше некои од главните резултати постигнати при спроведувањето на овој проект.
Во вотриот дел од настанот „Пренесување искуства од имплементацијата на проектот“,Зоран Јанкуловски од Здружението на финансиски работници зборуваше за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти. Потоа, Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење ја истакна потребата за здружување на граѓански организации и локална самоуправа во процесот на европска интеграција.
Третиот дел од конференцијата беше посветен на пренесување искуства од проекти на локално ниво. Говорителите, кои ги споделија своите искуства од проектот и грантираните проектите беа: Томе Христоски, градоначалник на Општина Крушево, Тодор Ефремов, Општина Кавадарци, Лилјана Јоноски од организацијата - „Рурална коалиција“ и Далиборка Златева од Здружението на лица со церебрална парализа. Тие зборуваа за импактот на активностите на проектите врз крајните корисници, граѓаните и оштините, како и за начинот на кој граѓанските оргниазации ја развиваа меѓусебната соработка.
Како еден од најпозитивните резултати на проектот беше иницијативата да се формира Мрежа за локална демократија, составена од партерите на проектот и организациите грантирани преку регрантовата шема. По завршувањето на конференцијата, партнерите во проектот и грантистите потпишаа меморандум за соработка на Мрежата за локална демократија.
Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната деморатија“ беше имплементиран преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и програмата за медиуми 2015.