Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија – Велес од 05.12- 14.12.2018 година организира пет регионални форуми во Скопје (Скопски плански регион), Битола (Пелагониски плански регион), Кочани (Источен плански регион), Струга (Југозападен плански регион) и Велес (Вардарски плански регион) на тема „Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти - состојби, можности и предизвици“ како дел од проектот „Граѓански организации во служба на локалната демократија”.