Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Две години успешна имплементација на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”

  • 28 janar 2019
Две години успешна имплементација на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”

Во изминатите две години од започнувањето на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, проектните партнери спроведоа бројни активности специјално дизајнирани да го зголемат влијанието на граѓанските организации врз јавните политики на локално ниво во Македонија.

Ова се само неколку од локалните активности кои АЛДА Скопје, Европското движење и Здружението на финансиски работници ги спроведоа во 2018 година.

Како дел од шемата за грантирање, дванаесет идеи презентирани од граѓански организации или неформални групи беа наградени со грантови, со цел да се фокусираат на спроведување на мали активности кои ќе промовираат зголемување на транспарентноста, одговорноста и локалната демократија. Беа организирани четири обуки на различни теми со цел да им се помогне на грантистите да ги зајакнат своите капацитети.

Нашите грантисти успешно ги реализираа своите активности за период од шест месеци во нивните локални заедници. Можете да прочитате повеќе за шемата за регрантирање на нашата интернет-страница.

Меѓународната конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“ беше организирана во ноември од страна на Eвропското движење на Република Македонија. Целта на оваа конференција беше споделување на добрите практики од Македонија, балканскиот регион и земјите од Европската унија, фокусирајќи се на соработката помеѓу граѓанското општество и локалните власти и улогата на таквата соработка во процесот на европска интеграција.

Конференцијата беше можност да се претстават две публикации за соработката помеѓу општините и граѓанскиот сектор со наслов “Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија” и “Финансиска и нефинансиска поддршка на локалните власти кон организациите од граѓанското општество” .

Крајот на оваа година го одбележаа локалните форуми и панел дискусии коишто Европското движење и Здружението на финансиски работници ги организираа во различни градови во Македонија, каде што локалната заедница и граѓанското општество ја имаа можноста да го споделат своето искуство со општините.

2019 е последната година од проектот, а проектните партнери се уште имаат голем број на активности за спроведување.

Следете ја интернет страницата на проектот за нови информации за нашите активности.

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix