Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локалната самоуправа 27Dhj
2019

Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локалната самоуправа

За правилно функционирање на Советот како „законодавно“ тело на локално ниво, кое ја води политиката и ги усвојува актите во општината, од суштинско значење е неговите членови и членки да поседуваат...
Учество на граѓани во носење на одлуки на локално ниво

Учество на граѓани во носење на одлуки на локално ниво

27 dhjetor 2019
Еден од најделотворните механизми за зголемување на учеството и вклученоста на граѓаните во процесот на управување и за подобрување на стабилноста и безбедноста на заедниците е токму децентрализацијата....

Еден од најделотворните механизми за зголемување на учеството и вклученоста на граѓаните во процесот на управување и за подобрување на стабилноста и безбедноста на заедниците е токму децентрализацијата. Децентрализацијата претставува процес за кој е потребно одржливо и организирано залагање на институциите вклучени на локално и централно ниво. Овој процес повлекува и постојано прилагодување на односите помеѓу разните учесници по пат на постојан дијалог и комуникација.

Анализа на состојбите во социјалната заштита и...

Анализа на состојбите во социјалната заштита и...

27 dhjetor 2019
Оваа публикација е подготвена за потребите на Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ – БИМ-ФВ, Скопје, во рамките на проектот „Социјална инклузија и човекови права во Македонија“....

Оваа публикација е подготвена за потребите на Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ – БИМ-ФВ, Скопје, во рамките на проектот „Социјална инклузија и човекови права во Македонија“. Целта на проектот е примена на пристапот заснован на човековите права на полето на намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост на национално и на локално ниво, што вклучува идентификување на ранливите групи, нивно директно вклучување во процесите на донесување одлуки што ќе влијаат врз нивниот живот, како и воспоставување систем за мониторинг и отчетност на носителите на обврски. Предмет на оваа анализа беше утврдување на состојбата, односно на потребите во однос на социјалното вклучување на локално ниво во следниве шест општини: Штип, Прилеп, Кичево, Сарај, Чашка и Радовиш. 

Публикација „Истражување на финансиската и...

Публикација „Истражување на финансиската и...

25 nëntor 2019
На кој начин општините ги поддржуваат граѓанските организации? Дали соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор е подобрена? Кои општини јавно објавиле повик за проекти? Публикацијата...

На кој начин општините ги поддржуваат граѓанските организации? Дали соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор е подобрена? Кои општини јавно објавиле повик за проекти? Публикацијата “Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти” ги содржи одговорите на овие прашања и многу повеќе. 

Документ „Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија“
21 shtator 2019

Документ „Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија“

Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен систем за финансиска и нефинансиска поддршка за граѓанските организации, на локално ниво.

1234

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top