Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Прирачник за градоначалници 31Dhj
2019

Прирачник за градоначалници

Во ова издание дополнително се осврнуваме на улогата на Советот на единицата на локалната власт, односно на активностите и надлежностите што ги извршуваат општинските советници.Прирачникот има и големо...
Прирачник за процесот на децентрализација во Република...

Прирачник за процесот на децентрализација во Република...

30 dhjetor 2019
Децентрализација на власта значи ослободување на централната власт од дел од надлежностите и нивно пренесување на локално ниво, на Општините и на Градот Скопје.  Со децентрализацијата на власта, голем дел на...

Децентрализација на власта значи ослободување на централната власт од дел од надлежностите и нивно пренесување на локално ниво, на Општините и на Градот Скопје. 
Со децентрализацијата на власта, голем дел на прашања што се од исклучива важност за граѓаните, добија локално значење. На тој начин граѓаните добија можност директно да учествуваат во организирањето на највиталните области од своето живеење.

Нацрт-Анализа : Добро владеење на општинската...

Нацрт-Анализа : Добро владеење на општинската...

27 dhjetor 2019
Проектот насловен како „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“ содржи активности кои се насочени кон иницирање општествени промени на локално ниво...

Проектот насловен како „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“ содржи активности кои се насочени кон иницирање општествени промени на локално ниво во РМ, во насока на доследно практикување на демократските вредности и непречено учество на граѓаните во одлучувањето на локално ниво. Со истражување на состојбите во 8 избрани општини во РМ од аспект на: нивното управувањето со јавните финансии, фискалната транспарентност, контролата и ревизијата на трошењето на јавните пари, преземените реформски активности и иницијативи од граѓаните во последните 3 години, ќе се добијат информации за видот и квантумот на преземени активности на локално ниво по иницијатива на граѓаните.

Извештај со активности за агенциите за локална демократија

Извештај со активности за агенциите за локална демократија

27 dhjetor 2019
АЛДА ја координира и поддржува мрежата на 14 локални агенции за демократија (ЛДА) и 3 оперативни партнери (ОП) во нивните активности. АЛДА работи низ проширената Европа. Повеќето од локалните агенции за демократија...

АЛДА ја координира и поддржува мрежата на 14 локални агенции за демократија (ЛДА) и 3 оперативни партнери (ОП) во нивните активности. АЛДА работи низ проширената Европа. Повеќето од локалните агенции за демократија се наоѓаат во Западен Балкан, но АЛДА е се поактивна во европското соседство со 5 ЛДА во разни земји од Источно партнерство и првиот во Јужното соседство, во Каируан (Тунис), основано во 2017 година. ЛДА и ОП се поддржани од повеќе од 100 партнери (локални власти и граѓански организации) низ цела Европа, обезбедуваат финансиска и политичка поддршка за исполнување на нивниот мандат и за придружба на локалната демократија, зајакнување на граѓанското општество и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво.

Во овој извештај е претставена деталната програма за активностите на локалните агенции за демократија во 2018 година.

Општини во РМ и ЕУ фондови
27 dhjetor 2019

Општини во РМ и ЕУ фондови

Проширувањето на ЕУ е двонасочен процес. Новите земји членки добиваат корист со тоа што припаѓаат на организација која е најголем трговски блок во светот, со повеќе од 500 милиони потрошувачи. Од друга страна, ЕУ има корист од тоа што се проширува на нови територии, што прифаќа нови култури и се поврзува со нови пазари. Во последно време, овој процес поприми нови димензии кога ЕУ започна да ги интегрира земјите кои се наоѓаат на нејзините источни граници. Многу земји мораа да превземат големи реформи – економски, политички и општествени – со цел да ги исполнат критериумите за членство во ЕУ. Иако овие реформи носат благосостојба на национално ниво, тие исто така наметнуваат скапи внатрешни инвестиции и презентираат предизвици на патот кон пристапување на ЕУ. Со цел да го олесни процесот на пристапување, ЕУ создаде различни видови на помош, како финансиска така и техничка.

1234

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top