31 dhjetor 2019
Во ова издание дополнително се осврнуваме на улогата на Советот на единицата на локалната власт, односно на активностите и надлежностите што ги извршуваат општинските советници.Прирачникот има и големо...
Во ова издание дополнително се осврнуваме на улогата на Советот на единицата на локалната власт, односно на активностите и надлежностите што ги извршуваат општинските советници.Прирачникот има и големо симболично значење за ЗЕЛС и за општините, бидејќи преку него ЗЕЛС го воспоставува првиот чекор на взаемната комуникација со новоизбраните структури во сите нејзини членки, а тоа се сите 80 општини во Република Македонија, заедно со градот Скопје, како посебна единица на локалната власт. Прирачникот го отвора хоризонтот и за натамошното заедничко лобирање за подобрување на законската регулатива и обезбедувањето на поголема финансиска независност на општините, зајакнати општински совети, создавање на ефективна и ефикасна администрација и подобри општински услуги. Поточно, прирачникот треба да ја претставува основата за натамошно унапредување на заедничките напори во насока на обезбедување на модерни европски општини, во кои граѓаните ќе имаат добри услови за живот и квалитетни услуги.