27 dhjetor 2019
Проширувањето на ЕУ е двонасочен процес. Новите земји членки добиваат корист со тоа што припаѓаат на организација која е најголем трговски блок во светот, со повеќе од 500 милиони потрошувачи. Од друга страна, ЕУ има...
Проширувањето на ЕУ е двонасочен процес. Новите земји членки добиваат корист со тоа што припаѓаат на организација која е најголем трговски блок во светот, со повеќе од 500 милиони потрошувачи. Од друга страна, ЕУ има корист од тоа што се проширува на нови територии, што прифаќа нови култури и се поврзува со нови пазари. Во последно време, овој процес поприми нови димензии кога ЕУ започна да ги интегрира земјите кои се наоѓаат на нејзините источни граници. Многу земји мораа да превземат големи реформи – економски, политички и општествени – со цел да ги исполнат критериумите за членство во ЕУ. Иако овие реформи носат благосостојба на национално ниво, тие исто така наметнуваат скапи внатрешни инвестиции и презентираат предизвици на патот кон пристапување на ЕУ. Со цел да го олесни процесот на пристапување, ЕУ создаде различни видови на помош, како финансиска така и техничка.