На 18 декември 2017, со почеток од 10 во ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа конференцијата „Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“. Конференцијата беше официјално отворена од страна на Амбасадорот на Франција, Н.Е. г Кристијан Тимоние и заменик министерот за Локална самоуправа, г. Дејан Павлески.
Развојот на локалната демократија е основата на демократските процеси и претставува еден од приоритетите во евроинтеграциските процеси, поради што од особено значење е зајакнувањето на демократските капацитети на сите чинители во локалните средини и интензивирањето на грaѓанското учество. Конференцијата поттикна прашања за негување на локалната демократија, зголемување на граѓанското учество и соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓанските организации во градењето на локалните политики.
Панелисти беа г. Аце Коцевски, градоначалник на Велес, г-ѓа Кристина Хаџи-Василева, експерт во областа на локалната демократија, г. Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации и проф. Илија Тодоровски, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија во рамките на ИПА програмата за поддршка на граѓански организации.