Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавни претпријатија на 5 јули 2019 година во Велес, ја организираше редовната средба на партнери на проектот.
Еднодневната средба беше можност да се направи кратка евалуација на досегашните спроведени активности и план за имплементација за останатите активности. Во изминативе две години се спроведоа голем број на разновидни активности кои ги остварија досегашните цели на проектот. Во последната година ќе се работи во иста насока и со зајкнати капацитети од стекнатото искуство.