Форумот „Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор“ организиран од страна на Европска асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје ќе се одвива на 11 и 12 јуни 2019 година во хотел „Бест Вестерн“ во Скопје.
На овој меѓународен настан ќе учествуваат 60 учесници претставници на локалните власти, граѓанскиот сектор и меѓународни организации од Балканот и ЕУ. Форумот ќе им даде на учесниците можност да разменат добри практики, искуства и да дискутираат за нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор.
Четири разноврсни и релевантни панели за се предвидени за време на овој настан за размена на добри практики на тема: ефикасно партнерство помеѓу граѓанските организации и локалните власти; поддршка за граѓанските организации од страна на локалните власти; традиционални и нови начини на граѓанско учество; и локални партнерства преку меѓународна соработка.
Доколку сакате да учествувате на Форумот потврдите вашето присуство на следниот ЛИНК до понеделник 10 јуни 2019 во 12ч.
Форумот е организиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ и е поддржан од страна на Европска Унија и Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).