АЛДА Скопје имаше можност да се претстави на студентскиот саем во рамите на седмото издание на настанот „Станица: Студентска” одржан на 23 април 2019 год. на Правниот факултет во Скопје и организиран од Младинскиот образовен форум.
Повеќе од триесет организации имаа можност да ги презентираат своите проекти и активности пред многубројната млада публика. АЛДА ја искористи оваа можност за да ја претстави својата работа и да ја приближи локалната демократија до студентите.
Младите и останатите организации изразија особен интерес за проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, неговите локални активности, поддршката која ја обезбедуваме за помалите граѓански организации како и остварените резултатите. Ова беше можност да се поттикнат младите луѓе поактивно да се вклучат во процесите на одлучување на локално ниво и активностите на нивните локални заедници.
Овој настан беше одлична можност за промоција на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократиja”, реализиран од страна на Европската асоцијација за локалната деморатија (АЛДА) Скопје, Здружението на финансиските работници во локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија во рамките на ИПА 2 програмата.