Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Југо-источниот плански регион и Европските иницијативи во насока на локалниот развој

  • 2 prill 2019
Југо-источниот плански регион и Европските иницијативи во насока на локалниот развој

На 29 март 2019 година, во Дојран се одржа четвртата панел дискусија од серијата панели организирани од страна на Европското движење во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“. Панелот насловен „ Европските интеграции во развојните преспективи на Југо-источниот планиски регион“ ги обедини чинителите од регион во плодна дискусија за локалниот развој. 

Настанот го отвори градоначалниот на Општина Дојран, Анго Ангов посочувајќи ги проектите и активностите на општината спроведени во партнерство со локалните чинители и поддржани од европските фондови.  Панелистите Страшко Стојановски од Правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев од Штип и Васко Хаџиевски од Здружението на Агроекономисти, зборуваа за потенцијалите на Југо-источниот плански регион за развој на туризмот и земјоделството и за потребата на посебни регионални стратегии на различни теми поради специфичноста на секој регион.

Преставници на Општина Дојран, граѓански организации од регионот и засегнати граѓани ги споделија своите мислења за моменталната состојба на општината и регионот, како и конкретни предлози кои би можеле да допринесат кон понатамошниот развој на локалните политики. Учесниците и панелистите се согласија дека децентрализација на власта во Северна Македонија и поголема автономија на локалната власт се најважните чекори кои државата треба да ги направи во насока на локален развој. 

Панел дискусијата е организирана во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес финансиран од ИПА - 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија.

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix