Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ, ги заокружи активностите на својот проект „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво“ со промоција на студијата „Како до поттикнување на непосредно учество на граѓаните за прашања од локален интерес“ на 26 февруари, 2019 година.
Фокусот на студијата е насочен кон подобрување на можностите за организирање на референдум на локално ниво и воедно содржи препораки за подобрување на законската рамка која го регулира ова прашање. Студијата е објавена на македонски и албански јазик.
Во таа насока, студијата дава препораки во однос на повеќе прашања, се со цел спроведувањето нa референдумот да биде поуспешно. Во функција на олеснување на постапката за распишување на референдум на локално ниво, потребно е ублажување на критериумите кои се однесуваат на бројот на потписи потребни за иницирање на референдум, зголемување на рокот за собирање на потребните прописи како и прецизирање на датумот на одржување на референдум.
Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво“ е поддржан во рамките на шемата за регрантирање на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следнатa ВРСКА.