По официјалното формирање на ко-менаџмент телото за следење на имплементацијата на Стратегијата за млади, на 19 февруари, 2019 година во Oпштина Крушево се одржа работилница за креирање на документи за работа на телото, односно креирање на Деловник и мониторинг план, во рамки на проектот „Креирање на Локална Младинска стратегија во општина Крушево“.
На настанот присуствуваа членови на ко-менаџмент телото, преставници на Локалниот Совет на млади, граѓанските здруженија, професори како и преставници на Младинскиот Совет Прилеп.
Во текот на работилницата се креираше Деловник за работа на ко-менаџмент телото, којшто ќе ја регулира работата на ко-менаџмент телото како и Матрица за мониторинг и следење на имплементацијата на ЛМС како начин за собирање на податоци. На работилницата исто така се изгласа и Претседател на телото и Претседавач.
Телото ќе доставува годишни извештаи до Советот и до Градоначникот на општина Крушево.
Проектот „Креирање на Локална Младинска стратегија во општина Крушево“ е поддржан во рамките на шемата за регрантирање на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следнатa ВРСКА.