На 05.12.2018 година во Старо Нагоричане се одржа тркалезна маса на која што присуствуваа претставници на институции од областа на здравството, социјалната заштита, Општината и локалниот бизнис секор со цел разгледување и дискусија на стратегијата за локален економски развој како дел од проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој“.
На тркалезната маса присуствуваше и Градоначалничката на Општината Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, која ја потенцираше соработката помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи како и значењето на партнерската соработка помеѓу Рурална Коалиција и Општина Старо Нагоричане во рамките на процесот на стратешко планирање.
Информирањето на јавноста, едукацијата, интер-секторската соработка, вклучувањето на локалниот бизнис сектор, развивањето на прекугранична соработка и примената на иновативни технологии во земјоделството и руралниот развој се само дел од стратешките области или теми на кои што ќе се работи во наредниот три-годишен период.
Следи период на усвојување на стратегијата на Советот на општината, а првите два месеци од наредната година ќе бидат искористени за запознавање на локалното население со стратегијата и, нејзините цели.
Проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој“ е поддржан во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија и финансиски поддржан од Европската Унија.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.