На 05.12.2018 година, во хотел „Континентал“, Скопје се одржа првиот форум посветен на граѓанските организации, насловен “Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти- состојби, можности и предизвици”. Овој настан е прв од серија на 8 настани кои ќе бидат организирани во повеќе градови во Македонија.
Финансиите и финасиската поддршка на граѓанските организации, освен што се провлекоа како тема на овој форум, исто така тие беа и тема на истражувањето кое што беше презентирано, анализирано и добро дискутирано.
Истражувањето беше направено од проф. Борче Треновски и проф. Марина Трпеска, кои ги презентираа резултатите од анализата на финансирањето на граѓанските организации од страна на локалните власти, транспарентноста на тие процеси и достапноста на тие финансии за различни типови на организации.
Од плодната дискусија, која што беше резултат на присуството на граѓанскиот сектор, беа изведени заклучоци и препораки, кои претставуваат квалитетен извор на информации за јавноста на прашањата поврзани со оваа тематика.
Фоумот “Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти- состојби, можности и предизвици” е организиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес финансиран од ИПА - 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија.