На 30.11.2018 год. во хотел “Манастир”, Берово Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) во соработка со општината Берово и други граѓански здруженија одржа панел дискусија на тема: “Европските интеграции во развојните перспективи на Општина Берово и Источниот плански регион”.
На настанот присуствуваа Градоначалниците на Општините Берово и Пехчево, професори и членови на Европско движење во Република Македонија како и претставници на други невладини организации.
Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски во своето обраќање ја истакна важноста на Европските фондови и можностите за прекугранична соработка за инфраструкторалниот развој на мали општини, како што е Берово. Свое обраќање имаше и Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, акцентирајќи ја соработката која што треба да постои помеѓу општините- особено кај помалите, изведувајќи заклучок дека нивниот успех лежи во заедничката работа, како што е примерот со општините Берово, Пехчево и Делчево.
Панел дискусијата е организирана во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес финансиран од ИПА - 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија.