12 грантисти на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ веќе половина година активно ги спроведуваат своите проекти во соработка со локалните власти.
Во првите шест месеци беа спроведени повеќе од 50 активности, во 12 заедници со директно учество на повеќе од 1000 граѓани, преставници на локалните самоуправи, членови на невладини организации, млади и возрасни.
Секој проект имаше за цел да допринесе кон подобрување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти. Во таа насока Младинскиот совет во Прилеп во соработка со Општина Крушево ја создадоа и усвоија Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево. Здружението ИСИЕ ја креираше интернет страницата „Реферндум“ со цел да ја подобри информираноста на граѓаните на оваа тема. ЗГ Велес Бајкинг во соработка со општините Велес и Градско ги анимираа најмладите на велосипед со цел се дефокусираат децата од современите технолошки уреди. Рурална Коалиција – Куманово и Општина Старо Нагоричане го потпишаа Меморандумот за соработка за спроведување на нивниот проект итн.
Тоа е само дел од успешните приказни кои произлегоа од проектите на грантистите.
Повеќе информации за самите проекти и активностите се достапни на интернет страницата на Граѓанските организации во служба на локалната демократија, каде има секција посветена на Грантовата шема, како и на профилите на социјалните мрежи на проектот
Корисни информации:
Интернет страницата на Граѓанските организации во служба на локалната демократија
Вести од Грантистите
Граѓанските организации во служба на локалната демократија Facebook Профил