На 26 ноември 2018 год. во Моклиште, Кавадарци се одржа работилицата “Рецепт за локална демократија” организирана во рамки на проектот “Транспарентни општини во функција на локална демократија” од здружението Чекор кон Европа.
На настанот се дискутираше за степенот на демократичност помеѓу општините и граѓанските организации како и за партиципативноста на граѓанските организации во процесот на донесување на одлуки.
На настанот се обрати и Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев кој говореше за постигнувањето демократија на локално ниво преку вклученоста на граѓаните во процесот на донесување одлуки. Пратеникот, Панчо Минов ја објасни поврзаноста помеѓу граѓаните од една и републичките органи и институции во Собранието на Р.Македонија од друга страна.
На настанот свое обраќање имаше и францускиот амбасадор во Република Македонија неговата екселенција, Кристијан Тимоние кои зборуваше за исуството и добрите практики од Р.Франција фокусирајќи се на нивото на демократија во институциите на локално и национално ниво.
Работилницата како дел од проектот “Транспарентни општини во функција на локална демократија” е поддржана во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија и финансиски поддржан од Европската Унија.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.