На 31.10.2018 год. во Општина Крушево, како резултат на напорната и неуморна работа на Младинскиот Совет, Општината како и членовите на работната група, беше усвоена Локалната младинска стратегија на Општина Крушево и двегодишниот акционен план.
На создавањето и усвојувањето на стратегијата им претходеа низа од активности кои имаа за цел да ги мапираат потребите и проблемите на младите во Општина Крушево, како и да овозможат воспоставување на структура за подготовка на стратегијата.
Со донесувањето на стратегијата се прави значителен чекор напред кон отстварувањето на нејзината цел: зголемување на активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница.
Стратегијата е со времетраење од пет години и во неа се лоцирани клучните приоритети за младите луѓе во Општина Крушево.
Проектот "Креирање на Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево" е поддржан во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија и финансиски поддржан од Европската Унија.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.