На ден 01.11.2018 година во рамки на проектот “Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!” во Општина Градско децата од ООУ Даме Груев имаа можност да бидат дел од кратка обука за приоритетите за возење велосипед во урбани средини, но и можните опасности кои се појавуваат со тоа што сите велосипедисти стануваат активни учесници во сообраќајот.
Предавачи на оваа обука беа Весна Николова, наставник по физичко образование и Наташа Коцева, наставник по физичко воспитување.
Суштинската цел на овој проект е акцентирањето на важноста од групното играње на децата, нивното дружење во насока на зголемување на социјализацијата, а воедно и елиминирање на асоцијализацијата која што претставува значителен предизвик со кои се соочува младата популација.
Со цел да се поттикне свеста за безбедноста во сообраќајот, надворешниот соработник Кире Димов, член на ЗГ Велес Бајкинг, ги запозна децата со основните правила на возење велосипед во урбани средини.
Проектот „ Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ е поддржан во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија и финансиски поддржан од Европската Унија.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.