На 8 октомври 2018 година, Рурална коалиција во рамките на проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој” го организираше првиот граѓански форум во општина Старо Нагоричане.
Форумот беше можност да се дискутира за започнување и креирање на стратегија која ќе го помогне локалниот економски развој на општината.
На Форумот присуствуваа претставници на општината и граѓанските организации.