На 17 август 2018 година, невладината организација Рурална Коалиција – Куманово и Општина Старо Нагоричане официјално го потипишаа Меморандумот за соработка за имплементација на проектот „Локалната заедница и општината заеднички ја креираат Стратегијата за локален економски развој“.
Настанот се одржа во Старо Нагоричане во присуство на градоначалничката на општината, Жаклина Јовановска како и извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски.
Целта на овој проект е локалната заедница да се вклучи во процесите на креирање политики и стратешки документи на општината. Преку активностите предвидено е да се постигне подигнување на свеста кај граѓаните за потребата од нивно вклучување во процесот на донесување на одлуки на локално ниво како и создавање на платформа за вмрежување на сите локални чинители.
Проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат Стратегијата за локален економски развој” е поддржан во рамките на шемата за регрантирање на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес.
Повеќе информации за регрантираните проекти ќе пронајдете на интернет страницата на проектот Граѓанските организации во служба на локалната демократија.