Здружението на лица со целебрална парализа – Велес одржа Промотивна конференција како дел од активностите на проектот “Стратегија за лица со инвалидност – Лапли” на 26 јули 2018 година во Велес. Целта на проектот е да ги поттикне граѓанските организации кои работат со лица со попреченост да учествуваат во креирање на јавните политики во општините Кавадарци, Градско и Чашка.
За време на промотивната конференција беше претставен проектот пред пошироката јавност и започна процесот на изградба на локалните акциони планови за лицата со попреченост. На коференцијата земаа учество г-дин Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадрци како и г-ѓа Далиборка Златева, координатор на проектот. На настанот присуствуваа повеќе од 40 учесници: лица со инвалидност, претставници на невладини организации, институции, општини, бизнис сектор и медиуми од трите општини.
Проектот “Стратегија за лица со инвалидност – Лапли” е поддржан во рамките на шемата за регрантирање на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.