Локалната акциона група Агро Лидер го организираше првиот форум како дел од активностите на проектот „Здружени за доброто на заедницата“ на 1 август 2018 година во општина Прилеп. Агро Лидер е една од грантираните организации во рамки на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”.
Целта на Форумот беше разработување на главните пречки за вклучување на граѓанските организации во креирањето на политики на локално ниво во руралните средини. На Форумот зедоа учество претставници од локалната самоуправа, бизнис секторот и граѓанскиот сектор од општина Прилеп, Кривогаштани и Долнени.
Различниот профил на учесници на Форумот придонесе за зголемување на комуникацијата и соработката помеѓу различните сектори.
Еден од главните заклучоци за време на Форумот беше потребата од зближување на локалната самоуправа и општинските структури со населението, особено до оние лица кои немаат соодветен пристап до општината. Недоволниот проток на информации меѓу локалната самоуправа и населението во руралните средини, се дефинираше како приоритет на кој треба интензивно да се работи.
Заклучоците кои произлегоа од Форумот, ќе бидат претставени во Прирачник со осврт на секоја општина посебно.
Целта на проектот „Здружени за доброто на заедницата“ е да се ангажираат граѓаните во процесот на планирање и донесување одлуки на локалната самоуправа за да произведат резултати кои ги рефлектираат потребите на локалната заедница.
Проектот „Здружени за доброто на заедницата“ е поддржан во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ споревдеуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија и финансиски поддржан од Европската Унија.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.