Во периодот од 17-30 јули беа спроведени две активности на терен во рамките на проектот „Жителите на Шарпланинските села и граѓанските организации со заедничка соработка за придонес во развојот на планинскиот туризам во руралните средини на општина Тетово”.
Проектот вклучи истражување за искуството и информираноста на месното население од шарпланинските села за планинскиот туризам. Беа опфатени сите 13 шарпланински села од Општина Тетово. Втората активност е спроведена во период од 20-30 јули и е остварена првата посета на месните заедници во сите 13 шарпланински села.
Проектот е поддржан во рамки на ре-грантовата шема на „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ и е спроведен од ПК Љуботен.