Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Втор форум на Link4Cooperation во Приедор, Босна и Херцеговина

  • 26 dhjetor 2022
Втор форум на Link4Cooperation во Приедор, Босна и Херцеговина

Во рамките на проектот „ Strengthening local participation and cooperation through partnership of Public Authorities and CSOs in Bosnia and Herzegovina – LINK 4 Cooperation “ финансиран од Европската Унија, на 9 декември 2022 година во Приједор се одржа вториот Форум за споделување на најдобрите практики на соработката на граѓанските организации и локалната самоуправа, кој собра над 60 учесници.

Покрај претставниците на меѓународната заедница, на Форумот присуствуваа и претставници на локалните власти и граѓански организации од Берковиќи, Јабланица, Костајница, Маглај, Мостар, Невесиње, Нови Град, Приједор, Равно, Требиње, Завидовиќи и Жепче, кои заеднички ги идентификуваа конкретните предизвици на соработка и изрази подготвеност за изнаоѓање оптимални решенија за зајакнување на оваа соработка. Дополнително, како клучни алатки во контекст на пристапувањето во Европската унија, беше спроведена и проценка на влијанието и важноста на активностите на Европксата ознака за изводредност на управувањето - ELoGE и програмата за Академија за лидерство (ЛАП) на Советот на Европа.

Слободан Јавор, градоначалник на Град Приедор и еден од домаќините на Форумот, ја истакна важноста од посветеноста за континуирано подобрување на јавните услуги и постигнување поефикасно и поодговорно управување.  Осврнувајќи се на важноста на партиципативните процеси како клучен фактор во развојот и стабилноста на локалната демократија, Џенана Дедиќ, директорка на Агенцијата за локална демократија Мостар, истакна: „Реформата на локалната власт во Босна и Херцеговина мора да постигне висок степен на директна учество на граѓаните, што е во согласност со актуелните стратегии и препораки на меѓународните организации. “

Имајќи го предвид искуството на АЛДА во започнувањето на програмата Европска ознака за извондредност во управувањето во Хрватска, Северна Македонија и Косово, Антонела Валморбида, генерален секретар на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА), им се обрати на учесниците на Форумот, велејќи: „Доброто владеење е основата на функционален и траен демократски систем“.

Детална презентација на процесот активностите на Европксата ознака за изводредност на управувањето во Босна и Херцеговина беше спроведена од страна на проектните партнери. Наодите од процесот на само-оценување  беа искористени како основа за откривање на одреден број на повторливи слабости во општините кои го финализираа процесот и беа евалуирани. Наодите беа презентирани од Ивана Велкова, проект менаџер од АЛДА Скопје, за време на сесијата за Нулта документ, а од учесниците беше побарано да предложат идеи како да се надминат тие слабости за време на сесијата на Светското кафе „Мој град, моја улица“.

Проектот „ЛИНК 4 соработка“ има за цел да ги зајакне капацитетите на локалните власти и граѓанските организации во спроведувањето на партиципативни процеси со цел заеднички да се идентификуваат конкретните проблеми на заедниците и, благодарение на партиципативниот пристап, да се најдат најдобри решенија. Конзорциумот на проектот се состои од Локалната демократска агенција (LDA) Мостар, Агенцијата за локална демократија (LDA) Завидовиќи, Агенцијата за локална демократија (LDA) Приедор, Центарот за развој на Херцеговина (CRH), Европската асоцијација за локална демократија ( АЛДА), и соработник АЛДА Скопје. Имплементацијата започна на 1 јануари 2021 година и ќе трае до 31 декември 2023 година. Неговата вредност е над 540.000 евра, од кои Европската унија обезбеди преку 490.000 евра грантови.

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top