Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Партнерства меѓу збратимени градови: Субнационални чинители во соработката меѓу Народна Република Кина и Република Северна Македонија

  • 4 gusht 2022
Партнерства меѓу збратимени градови: Субнационални чинители во соработката меѓу Народна Република Кина и Република Северна Македонија

Соработката помеѓу локалните власти од Македонија и Кина, или парадипломатијата,  е тема за која има нема многу истражувања. Во соработка со ЕСТИМА – Здружение за креирање стратегии, истражување, образование и промоција на меѓународни вредности, АЛДА го даде својот допринос со кратко истражување насловено „Партнерства меѓу збратимени градови: Субнационални чинители во соработката меѓу Народна Република Кина и Република Северна Македонија“. 

Со цел подобро да се разбере присуството на Кина на Западен Балкан, а особено во Северна Македонија, важно е да се разберат интересите и природата на кинеските иницијативи за соработка, особено нивната наклонетост кон локално ниво. Целта на овој документ за јавни политики е
да се разгледа соработката на локално ниво помеѓу општините од Кина и Северна Македонија, потенцијалните придобивки, ризици и реалните достигнувања. За таа цел, анализата се заснова на пет студии на случај на партнерства меѓу збратимени македонски и кинески општини.

Публикацијата е подготвена во рамки на проектот Промовирање на пристап заснован на вредности во соработката меѓу Северна Македонија и Народна Република Кина. 

Истражувањето е достапно на два јазика: македонски и англиски јазик. 

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix