ПЛАНИНАРСКИ КЛУБ ЉУБОТЕН - ТЕТОВО го споведуваше проектот “Жителите на шарпланинските села и граѓанските организации со заедничка соработка за придонес во развојот на планинскиот туризам во руралните средини на Општина Тетово” 8 месеци на територијата на Општина Тетово. Планинскиот клуб Љуботен го креираше овој проект со цел подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации, локалната самоуправа и месното население за развој на руралниот и планински туризам во шарпланинските села во Општина Тетово. Активностите се спроведуваа со дирекна посета во селата и едукативни средби со населението кои овозможија вмрежување на сите засегнати страни.
За целите на проектот, како и за самото спроведување, предизвици и добри практики разговаравме со Маријана Димоска, проектен координатор при Планинарскиот клуб Љуботен.