Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Иднината на Западен Балкан е во ЕУ! АЛДА и БНЛД им честитаат на Албанија и Северна Македонија

  • 31 mars 2020
Иднината на Западен Балкан е во ЕУ! АЛДА и БНЛД им честитаат на Албанија и Северна Македонија

Проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан отсекогаш претставувало главна тема за АЛДА уште од нејзиното основање во 1999 година. Основана како иницијатива на Советот на Европа исто како и на Агенциите за локална демократија што ги координира и поддржува уште од тогаш, АЛДА ја смета политичката одлука на ЕУ за отворање на преговорите за Албанија и Северна Македонија, само шест месеци по ветото, за непобитен позитивен резултат.


На 21 и 22 март 2020 година, всушност, Европскиот совет одлучи да ги отвори преговорите за пристапување со Република Северна Македонија и Република Албанија. Одлуката е донесена имајќи го предвид напредокот постигнат во реформите од двете држави, кои сега ги исполнуваат условите поставени од страна на Советот во јуни 2018 година.


За време на дискусиите на Советот на министри во јуни 2019 година, претставниците на Франција, Холандија и Данска првично решија да стават вето на отворањето на преговорите за двете земји, тврдејќи дека методологијата за пристап треба да се ревидира и да вклучува посилен фокус на кредибилитет, како и клаузула за реверзибилност.


Францускиот претседател Макрон поднесе неформален документ во ноември 2019 година со цел да се ревидира процесот на пристапување во ЕУ. Тоа резултираше со Ревидирана Методологија за Проширување претставена од Комисијата на 5 февруари 2020 година. И Северна Македонија и Албанија сега ќе го официјализираат пристапувањето по новата методологија, додека на Србија и Црна Гора ќе им биде понудена можност да се одлучат.


„Ова е голема мотивација за овие земји да работат напорно за влез во ЕУ“ - изјави Ивана Петровска, директор на канцеларијата на АЛДА во Скопје и координатор за регионални програми на Југоисточна Европа. „Со нетрпение ја очекуваме Меѓувладината конференција да ја потврдиме оваа политичка волја. Што е најважно, пораката на еврокомесарот Оливер Верхели беше јасна: иднината на Западен Балкан е во Еевропската Унија “.


АЛДА и Балканската Мрежа за Локална Демократија се посветени на поддршка на процесите за европска интеграција, при што сите проекти во Западен Балкан придонесуваат за градење на капацитетите и вмрежување на теми кои се важни за реформите и агендата на Европската унија. „Нашата мисија е да ги поддржуваме локалните власти и граѓанското општество како важни актери во процесите на пристапување во ЕУ“, продолжува г-ѓа Петровска. „Сите земји од Западен Балкан се во различни фази на овој процес и регионалната соработка е неопходна за да се постигне истата цел, да станеме членка на Европската унија“.


Одлуката сè уште треба да биде одобрена од членовите на Европскиот совет и датумот за почеток или временската рамка допрва треба да бидат објавени. Сепак, декларацијата на Советот претставува клучна пресвртница во Европскиот процес на проширување, светла точка на надеж за инклузивна иднина во овие периоди на социјално дистанцирање и затворање на границите. Одлуката за отворање на разговорите и покрај кризата со коронавирусот и неизвесноста околу заминувањето на Велика Британија од блокот, покажува колку е желен Брисел да ги донесе земјите од Западен Балкан во Европската унија.


Како што коментира делегатот на Агенцијата за локална демократија Албанија, Јерола Зиај, „Ние сме повеќе од задоволни да ја примиме добрата вест за започнување на преговори за членство за Албанија, особено во услови на немирот што го доживуваме во моментот. Ова го покажува напредокот што се постигнува кон воспоставување на европски вредности и финализирање на интеграцијата во рамките на европското семејство “.
 

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top