Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Што е локален економски социјален совет?

  • 12 qershor 2019

Локален економски социјален совет (ЛЕСС) е механизам за развивање на социјалниот дијалог на локално ниво. Економско социјалните совети во општините имаат советодавна и консултативна функција во насока на остварување социјален консензус. ЛЕСС разгледува прашања и дава мислења, предлози и препораки за одредени прашања од економско социјалната сфера, особено прашањето за вработувањето на младите и зајакнување на суштинските врски меѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем. Дополнително, ЛЕСС во секоја од општините придонесуваат за отворање можности за креирање на економски социјални политики со цел подобра перспектива за сите; креирање на нови работни места, посебно во делот на вработувањето кај младите лица; идентификување на потребите на пазарот на трудот помеѓу приватниот и јавниот сектор; утврдување и правење на соодветни анализи за потребите на заштита на работната и животната средина; образование и професионална обука, преквалификација и доквалификација за работници кои ги изгубиле работните места, подобрување на работните услови и заштита на работа; и слични прашања.

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top