Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Што е граѓанска иницијатива?

  • 12 qershor 2019

- Граѓанска иницијатива е облик на граѓанско учество на локално ниво. Граѓанската иницијатива се покренува пред советот на општината, на предлог на 100 граѓани. Предлогот за покренување граѓанска иницијатива на локално ниво се доставува до претседателот на советот. Предлогот треба да биде поднесен од овластен предлагач (првиот потписник на предлогот за покренување на граѓанска иницијатива) и да се однесува на прашање за кое е надлежен да одлучува Советот на општината. Претседателот на советот по добивањето на предлогот за граѓанска иницијатива во рок од три дена ќе испита дали предлогот е поднесен од овластен предлагач и дали се однесува за прашања за кои е надлежен да одлучува советот. Кога претседателот на советот ќе утврди дека иницијативата е неуредна, прашањето во врска со иницијативата ќе го стави на дневен ред на првата наредната седница на советот, но не подоцна од 15 дена од денот на утврдувањето на неуредноста на иницијативата. Доколку иницијативата е уредна советот со заклучок ќе утврди дека е уредна, а Претседателот на советот ќе го извести овластениот предлагач за заклучокот на советот во рок од три дена од денот на неговото донесување. Предлагачот е должен граѓанската иницијатива на локално ниво за која е поднесен предлогот да ја спроведе во рок од еден месец од денот на добивањето на известувањето за нејзината уредност. Граѓанската иницијатива на локално ниво се смета за покрената ако најмалку 10% од граѓаните запишани во изводот од Избирачкиот список за општината, со свои потписи ја поддржале иницијативата. По собирањето на потписите овластениот претставник на предлагачот, образецот со потписите на граѓаните за предлогот за кој е покрената иницијатива на локално ниво го предава на претседателот на советот, во рок од три дена од денот на завршувањето со давањето на потписите. Советот е должен да одлучува во рок од 30 дена по приемот на предлогот. Советот за одлуката по предлогот ги информира граѓаните преку средствата за јавно информирање на начин утврден со статутот.

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top