Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Претставници од трите партнери го претставија проектот пред Министерката за локална самоуправа, г-ѓа Ширет Елези

  • 19 nëntor 2017
Претставници од трите партнери го претставија проектот пред Министерката за локална самоуправа, г-ѓа Ширет Елези

Министерката за локална самоуправа, г-ѓа Ширет Елези одржа средба со претставници од АЛДА Скопје, Европско движење и Здружение на финансиски работници со цел претставување на новиот проект „Граѓански организации во служба на локалната демократија“. Проектот, кој е финансиран од Европската унија, започна со реализација во првата половина на 2017 година и ќе вклучува низа активности и иницијативи кои имаат цел да го зајакнат граѓанското општество во процесот на европската интеграција. За таа цел, предвидени се обуки за претставници на граѓански организации и општини, национални и регионални истражувања, доделување финансиска помош за спроведување мали проекти на темата, организирање конференции од меѓународен карактер итн. Министерката за локална самоуправа, г-ѓата Елези ги прими претставниците на сите партнери во својата канцеларија на 2 мај 2017, кои ги најавија активностите кои ќе бидат реализирани до крајот на годината и во следната фаза од проектот.

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top